ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.08.2022
Јапонија бара начин да ги охрабри луѓето да пијат алкохол!
Автор: Goce Author

Јапонија покрена национален натпревар во кој се повикува на идеи за охрабрување на луѓето да пијат повеќе, откако промената на ставовите кај младите за алкохолот доведе до пад на даночните приходи.

Фото: Newspade

Sake Viva е името на кампањата, водена од Националната агенција за приходи (NTA), која бара од оние на возраст меѓу 20 и 39 години да дадат предлози за да помогнат да се ревитализира популарноста на алкохолните пијалоци, кои паднаа во немилост поради промени во животниот стил за време на пандемијата на коронавирус и кај младите луѓе.

„Sake Viva“, Јапонија бара начин како младите да пијат повеќе алкохол. Ова поради тоа што има големи промени во ставовите на младите кон алкохолот.

Потрошувачката на алкохол во Јапонија намалена од 100 литри по лице годишно во 1995 на 75 литри во 2020

Конкурсот, кој трае до 9 септември, повикува на „нови производи и дизајни“, како и начини за промовирање на пиењето дома.

Учесниците исто така се охрабруваат да истражуваат методи за продажба користејќи го метаверс, според локалната страница jiji.com.

НТА соопшти дека потрошувачката на алкохол во Јапонија е намалена. Од просечни 100 литри по лице годишно во 1995 година падна на 75 литри во 2020 година.

Намалувањето на продажбата на алкохол го погоди јапонскиот буџет и го продлабочи буџетскиот дефицит.

Даноците на алкохол сочинуваат 1,7 отсто од даночните приходи на Јапонија во 2020 година. Во 2011 три отсто  и пет отсто во 1980 година.

Возење под алкохол – казна затвор до три години?

Вкупниот приход од данок на алкохол во фискалната 2020 година падна за повеќе од 110 милијарди јени. Тоа е најголем пад на приходите од данокот на алкохол во последните 31 година, според Japan Times.

„Бидејќи работата од дома донекаде напредна за време на пандемијата, многу луѓе можеби се прашуваа дали треба да ја продолжат навиката да пијат со колегите за да ја продлабочат комуникацијата“, рече претставникот на агенцијата.

Исто така, забележан е особено остар пад на потрошувачката на пиво, со пад на продажбата за 20 отсто на помалку од 1,8 милијарди литри.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија