
Да се продолжи валидноста на ковид сертификатите за уште една година е предлог на Европарламентот до Советот на ЕУ. Деновиве ќе се започнат преговори помеѓу овие две страни со цел да биде усвоен предлогот да се продолжи валидноста на сертификатите кои завршуваат на 30 јуни годинава за една година односно да бидат валидни до 30 јуни 2023, а со тоа да се осигури слободното движење, без разлика на развојот на пандемијата.

Дигитален сертификат
Фото: Shoengen Visa
Многу европски земји ги укинаа сертификатите како потврда за имунизација и прележан ковид за влез и за излез од државите. Во Македонија, сертификатите и рестриктивните мерки се укинати благодарение на добрата епидемиолошка состојба. Во неколку градови нема заболени, а бројот на заразени на ниво на државата е многу намален.
Сепак на светско ниво од корона вирусот починале речиси речиси 15 милиони лица, што е 13% повеќе од очекуваната смртност според СЗО. Земји со најголем број смртни случаи се Индија, Русија, Индонезија, САД, Бразил, Мексико и Перу.