
3 декември е Меѓународен ден за лицата со попреченост. Според СЗО овој ден е за промовирање на правата и благосостојбата на лицата со попреченост на секое ниво на општеството и развојот и за подигање на свеста за состојбата на лицата со попреченост во сите аспекти на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот. СЗО се приклучува на овој напор да ја зајакне важноста за обезбедување на правата на лицата со попреченост, за да можат целосно, еднакво и ефективно да учествуваат во општеството со другите и да не се соочуваат со бариери во сите аспекти од нивниот живот.

Според Институтот за јавно здравје, во РМ се проценува дека 10% или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. Здравствената и социјална заштита на лицата со посебни потреби има значајно место во секое организирано општество, како социјален и хуманитарен аспект, така и од од економски причини. Современата медицинска наука може многу да помогне на лицата со посебни потреби за да постанат активни членови на општеството.
Иако границата не е јасно одредена за нормалното физичко и психичко здравје, здравствената заштита има за задача, исто така, и превенција на секаков вид оштетување и дефектност и кај деца и кај возрасни. Лицата со посебни потреби во државава и денеска се соочуваат со голем број предрасуди, маргинализација и дискриминација.
Инклузијата на лицата со попреченост засега повеќе желба отколку реалност
Во нашата држава видот и степенот на пречките во физичкиот или психичкиот развој се уредува со Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој (Службен весник на РМ бр.30/2000 год) и според него лица со пречки во физичкиот или психичкиот развој кои имаат специфични потреби се:
– лица со оштетен вид (слепи и слабовидни)
–
– лица со пречки во гласот, говорот и јазикот
– телесно инвалидни лица
– ментално ретардирани (лесно, умерено, тешко и длабоко)
– лица со повеќе видови на пречки
– аутистични лица
– хронично болни лица
– лица со оштетен слух (глуви и наглуви)
Субнационалното истражување на СЗО за брза асистивна технологија во декември 2021 година покажа дека потребата за помошни производи е 24,5% кај сите возрасти, што во превод значи над 330 милиони луѓе. Речиси девет од 10 луѓе на кои им е потребна помошна технологија немаат пристап до неа – ова има негативно влијание врз образованието, егзистенцијата, здравјето и благосостојбата на поединците, семејствата, заедниците и општествата.