
Иако веќе чекориме низ 2022 година, сепак да се потсетиме кои се најчитаните содржини на www.goce.mk за минатата година.
Со туристичкиот водич Христијан Аџиоски ја прошетавме Македонија и дознавме интересни факти за оваа наша земја.
Зборувавме на разни дијалекти.
Еден ден во Гевгелија на гевгелијски
Се дружевме и со Борче Стаменов кој ни раскажа како започна успешната приказна „Донирај Компјутер.“
Стаменов: Се почна кога дојде самохрана мајка на три деца и ми побара компјутер
Моџо Килингтон ни испрати силна порака дека животот во молк ќе не убие.
Божидар Божиновски: Ако бидете гласни можеби ќе имате притисок, но животот во молк ќе ве убие
Учествувавме и на Макфест и поразговаравме со младото и талентирано момче Александар Тодороски кој го освои првото место.
Макфест 2021 – Александар Тодороски со најголем број гласови во првата вечер
Психолошката траума може лошо да влијае врз секој еден човек, а најдобрата поддршка секогаш е фамилијата. Како може фамилијата да им помогне на оние кои доживеале сексуален напад ни кажа Кристина Маркова, дипломиран едукатор по семејни студии.
Како семејството може да им помогне на оние кои доживеале сексуален напад?

Македонија нема граници! Тоа го покажаа битолчанката Ирена и штипјанецот Саше кога го формираа првиот македонски хор во Нов Зеланд.
Битолчанка и Штипјанец формираа македонски хор во Нов Зеланд
Трајче Тушев ни сподели како е да се биде на практична настава во Нуклеарна централа во Бугарија.
На неколку дена во нуклеарната централа во Бугарија
А со Марио Манов разговаравме дека не треба да се предадеме и кога е најтешко. После дождот секогаш доаѓа сонце.
Искрено за подемите и падовите на инфлуенсерот Марио Манов
Од квази – експерти трпи науката во Македонија, рече еден од највлијателните научници во државата Рубин Гулабоски.
Рубин Гулабоски: Од квази – експерти трпи науката во Македонија
Исконтактирајте не’ на нашите социјални мрежи
Goce.MK (@goce.mk) • Instagram photos and videos и пишете ни што следно сакате да читате.
Целиот тим на www.goce.mk ви посакува убави празници.